Марковиќ првпат прозиваше: Сениорките на собир и веднаш правец Охрид за „Трофеј Македонија“

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација, Игор Марковиќ, денеска го имаше првиот собир за ЕХФ неделата и настапот на „Трофеј Македонија“.

Марковиќ смета на 20 ракометарки, меѓу кои и капитенот Сара Ристовска, како и повратничката во националниот тим, Моника Килдан Јанеска.

Националниот тим се собра во просториите на РФМ, каде имаше состанок заедно со новиот селектор, генералниот секретар на македонската куќа на ракометот – Влатко Тасевски, и координаторката на женските селекции – Индира Кастратовиќ.

Македонија ќе тренира од денеска во Охрид, каде ја очекуваат натпревари против силните Црна Гора, Хрватска и Србија.

Турнирот „Трофеј Македонија“ стартува в четврток, на 24 септември.