Одриозола ќе ги памети Вардар и Скопје по лошо

Лоши вести пристигнуваат од Нант по гостувањето кај Вардар во Лигата на шампионите.

Каулди Ориозола се здоби со сериозна повреда на коленото на натпреварот одигран во Скопје во средата.

Десното крило на францускиот тим по мечот се врати во Нант, каде што биле направени потребните медицински прегледи. За жал, тие покажале дека Ориозола има повреда на предниот вкрстен лигамент на коленото.

Поради сериозноста на повредата, шпанскиот ракометар ќе биде надвор од терените неколку месеци, што е сериозен удар за Нант во продолжението од сезоната.

Тој ќе ги пропушти двете средби со Мелсунген, како и домашниот меч со Вардар што ќе се одигра на 21 октомври.