Заслужено признание: Кукуловски во идеалниот тим на колото во Србија

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски на најубав можен начин ја започна новата епизода од својата кариера.

Тој беше избран во идеалниот тим на 1 коло во српскиот шампионат по одличното деби за Металопластика Шабац.

Кукуловски беше најдобар стрелец и успеа да постигне седум погодоци во триумфот на гостински терен кај Југовиќ со 25-24.

Во идеалниот тим на колото се најдоа и екс пикерот на Бутел Скопје, Вељко Давидовиќ, како и двајцата членови на Партизан, Јуав Лумбросо и Никола Црноглавац.