Тимот на Војводина, каде што игра македонската интернационалка Пена Граматова, го освои првиот бод во српскиот шампионат.
По поразот кај шампионот Црвена Звезда, Војводина на домашен терен одигра нерешено со тимот на Рума, 29-29.
Граматова како и на првиот натпревар, така и на оваа средба беше најдобар стрелец во составот на Војводина.
Македонското лево крило успеа да постигне девет голови од девет обиди, од кои три гола беа од пенал.
























