По завршувањето на Африканското првенство за младинци, познати се пет патници за Мундијалот во Македонија наредната година.
Шампионот Египет, финалистот Тунис, како и селекциите на Нигерија, Ангола и Гвинеја, обезбедија место на СП 2027 во Скопје преку континенталниот шампионат.
Претходно од Азија своите билети на СП ги „букираа“ Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Бахреин, додека покрај нашата селекција од Европа на Мундијалот преку ЕП место обезбедија Унгарија, Шведска, Словенија, Данска, Франција, Германија, Шпанија, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Австрија, Фарски Острови, Исланд, Романија и Израел.
Досега се потврдени 25 селекции на СП 2027 во Македонија, а остануваат уште седум места. Три места има за Средна и Јужна Америка, две се резервирани за Северна Америка и Кариби, едно место за победникот на ИХФ трофеј, додека ИХФ ќе додели и вајлд-карта.
СП 2027 во Македонија ќе се одржи од 23 јуни до 4 јули.
























