Тимот на Македонија Ѓорче Петров го склопи играчкиот кадар со кој ќе настапува претстојната сезона во прволигашката конкуренција.
Уште тројца од ракометарите што минатата сезона беа дел од „дробилицата“ – Бојан Чакалиќ, Бобан Петров и Марко Станојоски.
„Дробилицата“, која ќе биде предводена од тренерот Оливер Димитриоски, претходно ги обнови договорите со уште неколку ракометари, а засилување е кружниот напаѓач од младинската репрезентација на Македонија, Александар Симоновски.
Голманите Давид Стојкоски и Димитар Гиевски ставија потписи на нови договори, а во клубот остануваат и Давор Домика, Мартин Бучуковски и Дарко Рангелов, како и Михаил Тотиќ.
Клубот обрнува внимание и на талентите од својата школа, па првите професионални договори ги потпишаа Лука Зафировски и Кристијан Героски, а дојдоа и голманот Иван Мирчевски, како и бековите Александар Туловиќ и Димитар Ристевски.
Сите ракометари потпишаа договори до 2028 година.
























