Николовска и Беровиќ комбинираа 16 гола, Спартак лесно го реши Атлетик

Екипата на Спартак имаше убедлив старт на новата сезона во Супер Женската лига, откако славеше против новиот член на елитата, Атлетик, со убедливи 36-24.

Избраничките на Симе Симовски покажаа дека сезонава ќе целат високо и уште по првиот дел ја најавија победата.

По 3-3, Спартак се одлепи на 7-3, а потоа за десетина минути преку Цветановска, Божиноска и Николовска успеа да изгради значајна залиха, 13-6.

Потоа се беше полесно и рутински одработено од ракометарките на Спартак, кои во ниту еден момент не дозволија ривалот да се закани со камбек.

Анастасија Николовска со девет и Таида Беровиќ со седум гола беа меѓу најзаслужните за триумфот, додека кај Атлетик осум гола даде Сара Богојеска.

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾