Тимот на Борусија Дортмунд, каде што игра македонската репрезентативка Ива Младеновска, имаше победнички старт на сезоната во Бундес лигата.
Во првото коло од германскиот шампионат, Борусија Дортмунд славеше на гостински терен кај Лајпциг со 36-28.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме кога тимот на Младеновска која даде два гола од три обиди, водеше со 21-13.
Во следното коло Борусија Дортмунд ќе игра на домашен терен против Некарсулмер на 2 септември, што ќе биде генерална проба за стартот на Лигата на шампионите и двобојот со данскиот Есбјерг.
























