Македонија загуби од домаќинот Италија, следи двомеч со Косово на Медитеранските игри

Комбинираната женска репрезентација на Македонија загуби на четвртиот меч на Медитеранските игри.

Кадетско-младинската селекција беше поразена од домаќинот Италија со 39-16, откако и на паузата „азурките“ водеа со 19-7.

Покрај домаќинот и сите други селекции од кои досега Македонија загуби играат практично со најсилниот состав во сениорска конкуренција.

Пет гола за Македонија даде Дона Тодоровска, а Мила Ристовска и Леона Миленкоска стрелаа по четири пати.

На 30 август, Македонија ќе го одигра последниот меч од групата против Косово, кое исто така досега загуби четири пати, па без разлика на резултатот од тој меч, двете селекции на 1 септември ќе одиграат втор меч во битка за пласман на петтото место.