Црногорскиот Ловќен покажа дека вистинските спортски легенди не се забораваат, без разлика на клупските бои.
На гостување во Битола кај Еурофарм Пелистер, прво за Ловќен по смртта на легендарниот Боро Чурлевски, ракометарите и стручниот штаб на црногорскиот тим му оддадоа посебна почит.
Пред почетокот на натпреварот од Регионалната лига, сите членови на Ловќен излегоа на паркетот во бели маички со емотивна порака:
„Боро Чурлевски, Битола те памти, а Ловќен не те заборава.“
Чурлевски својата богата играчка кариера ја заврши токму во Ловќен, клуб со кој има посебна врска, а неговото име остави трага и во црногорскиот ракомет.
Една од најголемите легенди на битолскиот клуб и човек кој остави неизбришлива трага во битолскиот спорт, Боро Чурлевски и по заминувањето од овој свет останува дел од ракометната историја.
























