Уште еден екс вардарец ќе му прави друштво на Дисингер во Кувајт

Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира во по три сезони играње во Саудиска Арабија ќе се пресели во Кувајт.

Таму ќе игра за составот на Kaзма, каде што летово потпиша уште еден поранешен ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер.

Средниот бек од Бразил играше во Вардар во вториот дел од сезоната 2022/23, каде што на 24 средби даде 60 гола и беше важна алка во освојувањето на Купот на Македонија.

Дутра Фереира по завршувањето на таа сезона беше испратен од Вардар на позајмица во Саудиска Арабија каде што ги засили редовите на Ал Худа, а оттогаш играше во истата држава и за Ал Мудар и за Ал Ахли Џеда.

Во татковината играше за Пињеирос, потоа дојде во Европа, каде ги носеше дресовите на Сиудад Енкантада, Ла Риоха, Висла Плоцк и Вардар.