Селекциите на Русија и Белорусија ќе бидат дел од Светското првенство за ракометарки до 16 години што оваа година ќе се одржи во Мароко од 15 до 24 октомври.
По симнувањето на санкциите од страна на ИХФ, светската ракометна куќа им додели вајлд-карти на пионерските селекции на овие две држави, кои за првпат по 2022 кога играа на ЕП за сениори, ќе се појават на европската и светската сцена.
Претходно беа познати 11 учесници на првото, историско СП за пионерки – Мароко, Гвинеја, Египет, Германија, Унгарија, Кина, Узбекистан, Мексико, САД, Парагвај и Аргентина.
Дополнително, ИХФ додели вајлд-карти за Белорусија, Казахстан, Русија, Швајцарија и Тунис, со што се комплетираше списокот на учесници.
Ова ќе биде прво Светско првенство во женска конкуренција за ракометарки до 16 години, со кое ИХФ воведува нова возраст во системот на младинските светски натпреварувања.























