Ракометарите на Загреб го освоија третото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако славеа над Тримо Требње со 29-27 по пенал серијата.
Натпреварот беше интересен, Загреб се врати во финишот по негатива од шест гола, 14-8, а во вториот дел Тримо водеше со 20-14, но за дваесетина минути до крај успеа да даде само четири гола и мечот се решаваше со пенали.
Кај Загреб погодија сите петмина што шутираа, кај Тримо Требње не реализираше еден од играчите, па славјето на хрватскиот првак можеше да започне.
Игор Бељавски беше најдобар стрелец кај победничкиот тим со седум гола, додека по пет кај Тримо дадоа Цирар и Станиќ.
Седмото место го освои младинската селекција на Египет со триумфот над Олимпијакос со 36-33, петта е Војводина по победата над Нексе со 33-30, а во големото финале ќе се сретнат Охрид и Вардар од 20:15 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
























