Средниот бек Мартин Ивановски, по ремито со Загреб (30-30), кое на охриѓани им донесе пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, истакна дека голема заслуга за успехот има и публиката во салата.
Ивановски, кој по настапот на турнирот во Струга повторно играше пред домашната публика во Охрид, вели дека поддршката од трибините била огромен мотив за тимот.
„Публиката беше нашиот осми играч. Не бодреше во текот на сите 60 минути и навистина ни помогна да ги задржиме главите во играта. Ни беше ветер во грб и навистина многу значи кога се игра пред ваква публика“, изјави Ивановски.
Охрид во финалето ќе има нов предизвик, ќе игра против Вардар, а Ивановски ги повика навивачите и денеска да бидат со тимот.
„Ги повикувам навивачите, особено Рибарите, да дојдат во што поголем број и да нè поддржат. Нивната безрезервна поддршка навистина многу ни значи. Би сакал утре да ги наполниме трибините до последното место и да се надеваме на поволен резултат“, порача Ивановски.
Финалето меѓу Охрид и Вардар од турнирот „Крсте Андоновски“ се игра
























