ОХРИД 2026: Билети во продажба – гледајте ги сите 16 натпревари за само 800 денари!

Организаторот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ги објави деталите околу билетите за натпреварите од јубилејното петто издание.

Тие ќе се продаваат од утре на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ и ќе чинат по 100 денари за еден натпревар.

Ќе се продаваат и блок-билети за целиот турнир кои чинат 800 денари, a со овие билети ќе може да се гледаат сите 16 натпревари во следните четири дена.

Актуелен бранител на трофејот е екипата на Охрид, која минатото лето во финалето беше подобра од Еурофарм Пелистер.

24Ракомет е медиумски партнер на меморијалот „Крсте Андоновски“, а сите информации поврзани со турнирот, распоред на натпревари, извештаи, изјави…ќе може да ги најдете во делот ОХРИД 2026.