Ракометниот клуб Охрид од вторник пушта во продажба сезонски билети за претстојната сезона во која клубот ќе настапува на повеќе фронтови.
Сите натпревари на амбициозниот македонски проект во Супер лигата ќе може да се следат за 3.500 денари.
Сите навивачи на охридскиот клубот кои од 18 август на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе купат сезонски билет ќе добијат и подарок клупски дрес.
Со сезонскиот билет ќе може да се следат сите натпревари на Охрид во домашното првенство и во Купот на Македонија, а не се вклучени настапите во ЕХФ Европскиот Куп.

























