Атлетик се поднови со трио ракометарки – поптишаа Шехтанска, Радевска и Ивановиќ

Новиот суперлигаш Атлетик ги стартуваше подготовките за новата сезона во Женската лига со три нови ракометарки.

Станува збор за средниот бек, Ангела Шехтанска, која доаѓа во Атлетик по одличната сезона во Куманово, а претходно играше за Вардар, но и повратничката во Македонија, Бојана Радевска.

Десното крило доаѓа од составот на Самадреџа од Косово, каде што настапуваше минатата сезона, а своевремено играше за Вардар.

Третото ново име во Атлетик е голманката Катарина Ивановиќ, која доаѓа од редовите на босанскиот тим Горажде.