Три од три за Еурофарм Пелистер во Словенија

По победите над селекцијата на Катар и над словенечката Крка, македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер запиша трет триумф на подготовките во Словенија.

Битолчани, кои од ова лето се под палката на искусниот стратег Лино Червар, го победија составот на Словењ Градец со 22-21.

Еурофарм Пелистер со три победи во три меча ги комплетира подготовките за новата сезона во Словенија.

Пелистерци се враќаат во Битола, каде ќе тренираат до првиот предизвик оваа сезона – дуелот со Партизан на 23 август од Регионалната лига.