Илинден го промовира Перуновски

Новиот прволигаш Илинден го промовираше второто засилување за претстојната сезона во која ќе дебитира во сениорска конкуренција.

Станува збор за 19-годишниот среден и лев бек, Лука Перуновски, кој досега играше за три други клубови.

Перуновски беше дел од Голден Арт, потоа играше за Бутел Скопје и младинците на Вардар, а сега ќе има нов предизвик во кариерата.

Илинден претходно го договори голманот Наум Симјановски, како и тренерот Дарко Јанев, кој во стручниот штаб ќе го има Дејан Пецаковски.