По убедливата победа над репрезентацијата на Катар, македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер запиша уште еден триумф.
На подготовките во словенечкиот Зрече, избраниците на Лино Червар ја победија екипата на Крка со 34-33.
Шанса за настап добија повеќето ракометари, а пред враќањето во Македонија, битолчани ќе одиграат уште еден меч.
Потоа ќе тренираат во Битола пред стартот на регионалната лига и двобојот со српскиот Партизан на 23 август во салата „Боро Чурлевски“.

























