Десното крило Никола Димитров за првпат во кариерата ќе заигра во странство, откако ова лето се пресели во Франција.
По една сезона во тимот на Младост Богданци, со кој обезбеди промоција во суперлигашкото друштво, Димитров реши да си ја проба среќата надвор.
Димитров потпиша за составот на Корт, кој се натпреварува во четвртата по ранг француска конкуренција.
Тој потекнува од Битола, ги носеше дресовите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, играше за Вардар Јуниор, па Работнички, Голден Арт, Борец ФЛ…
























