Македонија против Израел за 9 место – триумф ќе биде совршен крај на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство во Србија.

Ривал во битката за 9 место на избраниците на Горан Кузманоски ќе им биде селекцијата на Израел, а мечот ќе се игра од 14:30 часот.

Главните цели – пласман на кадетското СП 2027 и младинското ЕП 2028 се остварени, но самодовербата кај нашите момци е на високо ниво по четирите победи во серија, па посакуваат со триумф да го завршат овој шампионат.

Со оглед на тоа што Македонија е домаќин на младинското СП 2027 и на кадетското ЕП 2028, јасно е дека двете селекции од младинските категории во следните две години не треба да се грижат околу пласманите на големите натпреварувања.

Израелците ја завршија групната фаза без победа – два порази од Португалија и Хрватска, како и реми со Чешка, а потоа се во серија од четири победи над Швајцарија, Црна Гора, Полска и Австрија.