Заврши одморот за Младост – богданчани повторно се во акција

Ракометарите на Младост Богданци го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со ново поглавје и цел за стабилен суперлигаш и враќање на старите патеки.

По пласманот во Супер лигата минатата сезона, раководството на тимот од Богданци активно работеше кон создавање конкурентен тим со цел опстанок во Супер лигата, но и на подобрување на условите околу и во спортскиот објект Млаз, каде реновиран е голем дел од спортскиот објект.

Во тимот за новата сезона пристигнаа неколку ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет и ширина во играта. Нови ракометари на Младост се
десниот бек Ахмед Мајдуб (Струга), голманот Благој Панов (Тиквеш), левиот бек Тодор Узунчев (Бутел Скопје), левото крило Славе Јанковски (Радовиш), пивотот Владимир Бојаниќ (Охрид) и десното крило Мартин Иванов (Куманово).

Во тимот од минатата сезона останаа тренерот Горан Андоновски, левиот бек Даниел Андоновски, голманот Живојин Илиќ и левото крило Зоран Стојановски, а беа продолжени договорите и со сите останати домашни ракометари.

Професионални договори за прв пат потпишаа и тројца млади таленти – левото крило Методи Младеновски, пивотот Мартин Стојановски и средниот бек Никола Тасев. На подготовките ќе бидат приклучени и неколку кадети – Лука Лукиќ, Матеј Митев, Стојан Иванџиков, Антонио Каракабаков, Живко Ќаев, Петар Ризовски, Влатко Иванов, Даниел Милановски, Мартин Шабанов и Ристе Јанкулов. Во стручниот штаб на Горан Андоновски остануваат Никола Роглев и Далибор Лукиќ.

Младост Богданци ќе одигра две пријателски средби со Куманово и ќе настапи на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп пред стартот на новата сезона во Супер лигата.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон
VIBER GROUP – https://abit.ly/viber-24rakomet
Со еден клик до сите вести.