Маедонските кадети го дознаа распоредот – трите средби на ЕП во ручек време!

Кадетската репрезентација на Македонија од 29 јули до 9 август ќе настапи на Европското првенство во Србија, каде ќе има тешка задача.

Избраниците на Горан Кузманоски се најдоа во „групата на смртта“, заедно со селекциите на Словенија, Франција и Шведска. Пласман во главната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации, додека останатите две ќе продолжат во разигрувањето за конечен пласман.

Македонија сите три натпревари од групната фаза ќе ги одигра во истиот термин – 12:00 часот.

Пред ЕП, Македонија одигра две контролни средби против селекцијата на Грција и славеше на двете со 31-29 и 26-20.

Распоред на Македонија:
29 јули (12:00): Словенија – Македонија (СЦ „Вождовац“)
30 јули (12:00): Франција – Македонија (СЦ „Вождовац“)
1 август (12:00): Македонија – Шведска (СЦ „Шумице”)