Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 полека го комплетира составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.
Левото крило Ангела Цветановска се враќа во составот на Ѓорче Петров 2, откако минатата сезона ја освои двојната круна со „лавиците“. Сега ќе им помогне со искуството на младите ракометарки предводени од Милева Велкова.
Претходно потписи на договорите ставија Антонела Ѓероска, Миа Маринчов, Марија Димоска и Бојана Георгиевска, средните бекови Меланија Јовановска, Jана Петровска, Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотите Мирјана Наумоска и Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, десните крила Бојана Паловска и Сара Ристовска, левото крило Теодора Спасоевска, како и голманките Дарија Наумоска, Софи Гошевска и Сара Илиоска.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























