Овче Поле СУ го комплетира голманското трио – потпиша и Ѓоргиева

Тимот на Овче Поле СУ го продолжи договорот со уште една ракометарка за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции во Првата женска лига.

Станува збор за голманката Стефани Ѓоргиева, која минатата сезона го бранеше голот на кадетската екипа на Овче Поле СУ, а сега ќе биде дел од голманското трио на сениорската екипа заедно со Дона Маркоска и Ивана Станчева.

Минатата сезона за влакно клубот од Свети Николе не успеа да се пласира во баражот за Супер лигата.

Претходно Јована Ангеловска, Ивана Станчева, Јована Конева и Викторија Димчева останаа верни на тимот од Свети Николе и потпишаа нови договори за наредната сезона.

Покрај овој квартет која останува во клубот, Овче Поле СУ донесе уште две млади ракометарки – Натали Маџовска (2008), која игра на позиција лев бек, а доаѓа од кадетската екипа на Вардар, како и Андонела Ангелковиќ (2013), која игра на позиција десно крило и доаѓа од пионерската екипа на Спартак.

Кружниот напаѓач Михаела Николовска од Куманово исто така се пресели во редовите на клубот од Свети Николе, а се врати и левото крило Стефанија Павловска. Нови договори потпишаа голманката Дона Маркоска и левиот бек Јана Ристовска.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________