Тимот на Драчево Јуниор, кој минатата сезона го освои третото место во прволигашката конкуренција, веќе го крои ростерот за претстојната сезона.
Според информациите на 24Ракомет, Драчево Јуниор, се раздели со петмина ракометари, кои го носеа дресот на клубот минатата сезона.
Еден од голманите, Мартин Павличковски, ќе брани во тимот на „витамините“ од Автокоманда, а заминаа уште четворица.
Меѓу нив се Владимир Наумоски и Филип Петровски, како и Коста Николовски и Михаил Цветановски.
Во меѓувреме раководството работи на засилувањата на екипата, кои треба да му помогнат на клубот во суперлигашките амбиции.

























