Преку Бутел и Македонија стигна до Франција

Грузискиот репрезентативец Давид Гришикашвили, кој во првиот дел од минатата сезона беше дел од Бутел Скопје, а потоа играше и за италијанскиот тим Сиракуза, се пресели во Франција.

Тој потпиша за составот на Ним, но ќе настапува за вториот тим што се натпреварува во третолигашката конкуренција.

Станува збор за млад лев бек, роден 2007 година, за кој настапите во Бутел Скопје и во македонското првенство беа првите на интернационалната сцена.

Гришикашвили има одлични физички предиспозиции (199/95) и претходно беше дел од составот на Пегаси Тбилиси.

Има освоени многу клупски и индивидуални награди и трофеи во Грузија, беше дел од  сениорската репрезентација на Грузија која играше на ЕП 2026, а претходно настапи и во квалификациите за СП 2025. Во младинските репрезентации беше меѓу најдобрите стрелци во националниот тим.