Со денешниот прв собир, машката кадетска репрезентација го означи стартот на подготовките за претстојното Европско првенство во Србија.
Селекторот Горан Кузманоски на скратениот список има 21 ракометар, а од нив тројца ќе бидат отсутни две недели од подготовките поради настапот на младинското ЕП во Романија.
Тоа се голманот Ѓорѓи Николовски, десниот бек Бобан Поповски и левиот бек Марко Ѓорчески, кои ќе им се приклучат на соиграчите по крајот на младинското ЕП за втората фаза на подготовките.
Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје каде на 18 и 19 ќе одиграат две средби со Грција.
Македонија е во група со Словенија, Шведска и Франција на Европското првенство во Белград.























