По трите победи над Саудиска Арабија и Грција, машката младинска репрезентација ја запиша и четвртата победа на пријателските натпревари пред настапот на Европското првенство во Романија.
Избраниците на Игор Илиевски ја победија селекцијата на Италија со 30-22, откако воде и на полувремето со 13-12.

Сега за македонските ракометари останува ден одмор пред патот за Романија и стартот на континенталниот собир.
Македонија е во тешка група на Европското првенство и ќе игра против Данска, Норвешка и Хрватска, а само прво и второпласираните ќе се пласираат во главната рунда. Нашите момци стартуваат со меч на 8 јули од 13:30 часот против Норвешка.
























