Откако стана јасно дека Кристијан Грчевски и наредната сезона ќе биде предводник на Тиквеш од Кавадарци, раководството на кавадаречкиот тим веќе започна со формирањето на играчкиот ростер.
По левите бекови Мохамед Бен Махфуд и Тоше Ончев, третото засилување во ростерот на кавадарчани ќе биде кружниот напаѓач Борјан Цековски, кој доаѓа од тимот на Куманово, каде што играше заедно со Ончев.
Цековски досега во кариерата играше за КЛ7 Свети Николе, Овче Поле, потоа за Радовиш, пред да мине половина од сезоната 2024/25 во Богданци во редовите на Младост како позајмен играч од Куманово.
Кавадарчани минатата сезона го освоија шестото место во суперлигашкиот плеј-оф, во новата сезона влегуваат со исти амбиции, а се пријавија и за настап во ЕХФ Европскиот Куп.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























