Европската ракометна федерација ги објави шеширите и за женската Лига на шампиони, во која единствена преставничка од Македонија ќе биде Ива Младеновска.
Со нејзиниот нов клуб Борусија Дортмунд, Младеновска ќе биде дел од елитната конкуренција, каде се враќа по настапите што ги имаше со францускиот Брест Бретањ.
Борусија Дортмунд се најде во третиот шешир со хрватската Подравка, норвешкиот Сторхамар и словенечкиот Крим.
Во првиот шешир се европскиот првак Мец, романскиот ЧСМ Букурешт, данскиот Есбјерг и унгарскиот Ѓер.
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи утре со почеток од 11:00 часот.

























