Тимот на Кувајт Спорт Клуб каде што капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, обезбеди место во полуфиналето на Азиското клупско првенство.
Кувајт Спорт Клуб загуби од Шаржа со 30-28, но и тоа беше доволно за место во ТОП 4 и битка за титула.
Блескава партија имаше Кузмановски, кој успеа да погоди дури седум пати во противничката мрежа.
Катарскиот Ал Духаил, каде тренер на голманите е Петар Мисовски, славеше против Ал Араби со 25-20 и исто обезбеди полуфинале, а Ал Калиџ од Саудиска Арабија, за кој не играа Дмитро Горига и Кристијан Пилиповиќ загуби од Ал Наџма од Бахреин на Урош Митровиќ со 29-23.
Во полуфиналето ќе играат Ал Духаил против Бурган, односно Ал Калиџ против Кувајт Спорт Клуб.























