Македонија на Мундијалот во Германија ќе игра во група со Исланд, азискиот првак Бахреин, како и Јапонија.
Селекторот на Јапонија, Тони Херона, ја коментираше ждрепката и истакна дека неговите момци ги очекува исклучително тежок предизвик.
„Се најдовме во многу конкурентна група заедно со европски велесили и азискиот шампион. Ќе се води жестока битка за трите места кои водат во главната рунда, но развојот на нашиот тим се одвива во вистинска насока. По разочарувањето од претходното Светско првенство, сите сме дополнително мотивирани да го подигнеме нивото на нашите настапи. Пред Светското првенство, во септември нè очекуваат и Азиските игри, кои ќе бидат одлична можност за дополнителен напредок. За да продолжиме да растеме и да дојдеме до најдобар можен резултат, ни е потребна силна поддршка од навивачите. Ве повикувам да дојдете во салата и да нè бодрите со цело срце“, изјави Херона.
Македонија ќе го започне настапот на СП 2027 со дуел против Јапонија на 15 јануари, на 17 јануари е дуелот со Бахреин, а на 19 јануари следува пресметката со Исланд.























