Ракометарките на Мец се први финалистки на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето славеа со 32-27 против романскиот ЧСМ Букурешт.
Францускиот тим предводен од голманката Бундсен, која запиша 17 одбрани го контролираше целиот меч. Ова ќе биде прво финале за Мец во елитната конкуренција.
По првиот дел беше 17-13 за Мец, а во второто полувреме водството на избраничките на Мајонад се искачи на плус седум и веќе немаше назад за ЧСМ Букурешт.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Букти со осум гола од осум обиди, а Валентини даде седум, додека кај ЧСМ Букурешт се истакна Маслова со седум гола. Ривал во финалето на Мец ќе му биде победникот од дуелот меѓу Брест Бретањ и Ѓер.
























