ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Младост и Струга во скопска битка за Супер лига, дамите во Радовиш се борат за елита

Денеска ќе се одиграат последните две средби за оваа сезона, по што ќе биде спуштена завесата на сите натпреварувања под капата на РФМ.

Од 17:30 часот во салата „25 мај“ во Радовиш во женскиот бараж за Супер лига ќе се соочат екипите на Пелистер и Ѓорче Петров 2.

Станува збор за тимови во кои доминираат млади ракометарки, па нема фаворит пред стартот на натпреварот и се очекува интересна пресметка.

Од 19:00 часот во салата „Антон Димитров“ во Бутел во машкиот бараж за Супер лига ќе се сретнат екипите на Младост Богданци и Струга.

Богданчани беа на чекор до директен пласман во елитата, но еден кикс беше доволен за да пропуштена таа шанса и сега ќе мораат по потешкиот пат.

Стружани исто како и лани, така и сега ќе мораат преку бараж да го обезбедуваат опстанокот во суперлигашката конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2
19:00 СТРУГА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ