Екипата на Спартак од Скопје за следната сезона сериозно размислува да се вклучи во борбата за висок пласман, а покрај засилувањата на играчи, донесе и големо тренерско име – Симе Симовски. Поранешниот селектор на Македонија, и тренер на Ѓорче Петров кога „лавиците“ ги имаа најголемите успеси и на европска сцена.
Со неговото ангажирање Спартак покажува сериозни амбиции да биде „фактор“ во женското првенство. Скопскиот клуб „за малку“ не фати можност да игра во европските купови, но веднаш се зафати за „процистување“ во своите редови и засилувања. Со цел да бидат конкуренти за в година.
Симовски е еден од поискусните македонски ракометни тренери, со околу три децении присуство на домашната ракометна сцена. Работел и во машка и во женска конкуренција, бил селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, селектор и на младински женски селекции, а на клупски план бил дел од Металург, Скопје, Пролет, Вардар Јуниор, Куманово и Ѓорче Петров.
Во 2015 година беше избран за селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Претходно како асистент бил дел од женската сениорска репрезентација на Светското првенство во 2001 година и на Европското првенство во 2012 година, а како селектор ги водел и младинските селекции од 1998 до 2000 година.
На клупско ниво, еден од најуспешните периоди му е со ЖРК Ѓорче Петров. Тој го предводеше тимот околу четири години, а под негово водство екипата освои четири титули во Женската Суперлига и два трофеи во Купот на Македонија. Соработката со Ѓорче Петров беше прекината во ноември 2025 година.
Во 2025 година, РФМ го прогласи Симе Симовски за најдобар тренер во женска категорија, како тренер на Ѓорче Петров.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























