Тројца ракометари ова лето ќе го напуштат „сино-белиот“ тим од Автокоманда, кој ќе ја заврши сезоната на четвртото место.
Искусниот Никола Маркоски, потоа Кристијан Симоноски и средниот бек Мартин Ивановски ќе си заминат од Автокоманда.
Маркоски остави длабока трага во овој клуб по доаѓањето од Еурофарм Пелистер, додека периодот на Симоноски во Автокоманда беше одбележан со низа паузи поради повреди.
Ивановски дојде во минатата полусезона од Еурофарм Пелистер 2, стана сениорски репрезентативец, но оваа сезона играше малку покрај Митев и Ѓорѓиев.
На лето во Автокоманда доаѓаат десниот бек Нејц Цехте и кружниот напаѓач Матиц Сухолежник, а дотогаш од „сино-белиот“ тим што го предводи Лазаров најверојатно ќе остане без уште некои од македонските ракометари кои ќе играат за вториот тим, а многу веројатно ќе биде донесен уште некој странец.























