Епски пресврт на Дижон за трофеј во Лигата на Европа!

Ракометарките на Дижон го освоија трофејот во Лигата на Европа, откако во драматичното финале го совладаа германски Турингер со 29-25.

Францускиот тим приреди еден од најголемите пресврти во историјата на натпреварувањето, бидејќи на полувремето имаше огромна негатива од 15-6. Сепак, во вториот дел следуваше вистинска ракометна магија.

Дижон одигра фантастично полувреме, постигна дури 23 голови и целосно го надигра ривалот кој не успеа да го издржи темпото и притисокот, па даде само десет гола.

Хероина на францускиот состав беше Нина Дури со осум погодоци, додека кај Турингер ист број голови постигна Јоана Рајхерт. Во натпреварот за третото место, данскиот Виборг ја победи екипата на унгарскиот Естергом со 35-30 и го освои бронзениот медал.

___________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________