Хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ по завршувањето на обврските со тимот на Охрид, а пред стартот на новата авантура во швајцарскиот Криенс Луцерн, ќе заигра во Азија.
Тој ќе биде дел од тимот на Ал Калеџ од Саудиска Арабија за време на азиската Лига на шампиони. Турнирот ќе се одржи во Кувајт од 6 до 16 јуни. Победникот на ова натпреварување ќе обезбеди место на Светското клупско првенство.
Претходно Ал Калиџ го потврди ангажманот на левиот бек на Вардар, Дмитро Горига, кој исто така претстојното лето ќе има нов клуб – унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.
Ал Калиџ ќе биде еден од клубовите што ќе се борат за трофејот во Кувајт. Учество на турнирот потврдиле домаќинот Кувајт Клуб, Бурган, Ал Араби, Ал Духаил, Шарџа, Ал Калиџ, Ал Ноџум и еден кинески клуб.
Актуелен шампион на ова натпреварување е Шарџа од Обединетите Арапски Емирати, кој во 2025 година го освои трофејот со победа од 27-26 против Ал Калиџ во финалето и со тоа обезбеди место на Светското клупско првенство.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























