Во преполната сала „Морача“ се случија емотивни моменти пред натпреварот меѓу Црна Гора и Словенија од баражот за пласман на СП 2027.
Црногорската ракометна федерација организираше свечено збогување со двајца ракометари кои оставија длабока трага во тамошниот ракомет – десното крило на Ловќен, Мирко Радовиќ и пивотот на Мешков Брест, Вук Лазовиќ.
Долгогодишните репрезентативци добија специјални признанија од претседателот на Ракометниот сојуз на Црна Гора, Петар Каписода, како благодарност за нивниот придонес, пожртвуваност и борбата со националниот дрес.
Публиката во „Морача“ ги поздрави со големи аплаузи некогашниот пивот на Вардар и екс десното крило на Еурофарм Пелистер, а атмосферата беше исполнета со емоции и гордост.

























