Машката репрезентација на Македонија веќе тренираше во „Татран Арена“ во Прешов пред првиот меч од третиот бараж за Мундијалот во 2027 година во Германија.
Најискусниот наш репрезентативец, голманот Никола Митревски, очекува добар настап на Македонија.
„Голема непознаница за нас, никогаш не сме играле против Словачка и овој натпревар ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на гостински терен. Мислам дека се подготвивме доволно добро, тоа што можевме да го видиме на претходните натпревари. Очекувам добар натпревар од наша страна. Големите натпреварувања кои ги имаме позади ни го даваат право да очекуваме добар и позитивен резултат. Ништо нема да биде решено тука на првиот меч. Тоа ќе биде само едно полувреме од овој двомеч. Ќе пробаме да го дадеме максимумот, да одиграме како што ќе се договориме и да извлечеме поволен резултат“, изјави Митревски.
Првиот натпревар меѓу Словачка и Македонија ќе се игра утре од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот е во Скопје на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
























