Македонската експедиција денеска замина за Словачка

Македонската репрзентација денеска замина за Словачка, каде ја очекува првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Германија наредната година.

Со чартер линија од Скопје до Кошице се патува денеска од 11:00 часот, oколу 100 минути, а потоа со автобус до Прешов уште 40 минути, па ракометарите ќе имаат доволно простор за адаптација, потоа и вечерен тренинг во „Татран Арена“.

Средбата во Прешов е закажана за 14 мај од 19:00 часот, а враќањето во Скопје е планирано по истата рута веднаш по мечот, исто така со чартер лет околу 00:45 часот.

Реванш средбата по која ќе биде познат патникот на Мундијалот е закажана за 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.