Antonio Aerradilla Cuenca; Isak Persson;

Реприза на двете последни финалиња – ќе има спектакли на Ф4 во Келн!

Денеска со ждрепка беа одредени полуфиналните средби на Ф4 во Лигата на шампионите, а Келн повторно ќе донесе вистински ракометен спектакл.

Во полуфиналето нè очекуваат репризи на последните две финалиња во најелитното европско клупско натпреварување.

Актуелниот шампион Магдебург ќе се судри со Фуксе Берлин во голема германска пресметка. Тимот од Магдебург ќе се обиде да ја продолжи одбраната на титулата токму против екипата која ја победи во финалето минатата сезона.

Во второто полуфинале, дански Алборг ќе игра против Барселона, тимот кој двапати досега му ги урна соништата за европската круна.

Ф4 турнирот ќе се одржи на 13 и 14 јуни во легендарната „Ланксес Арена“ во Келн.
Магдебург освои две од последните три титули во Лигата на шампионите, додека Барселона и понатаму е апсолутен рекордер со 11 европски круни.

Од друга страна, и Алборг и Фуксе Берлин сè уште сонуваат за својот прв трофеј во најелитното европско натпреварување.