Голманот на Вардар, Милош Валах, доби дополнителен повик од селекторот Хота Гонзалез за бараж двомечот со Австрија за пласман на СП 2027.
Валах, кој брани во одлична форма оваа сезона, беше сместен првично меѓу резервите, но ќе брани на дуелите со Австрија.
Поради повреда на Матеуш Жембрицки, голманот на Гдањск, Валах ќе добие шанса да брани на овие средби во пар со Марсел Јажебски од Нексе Нашице.
Од македонскиот шампионат, за Полска во оваа акција ќе играат и пивотот на Вардар, Виктор Јанковски и десниот бек на Еурофарм Пелистер, Анжеј Видомски.
























