Ракометарите на Аеродром прославија рутинска победа на гостувањето кај составот на Аеродром со 35-25 во натпревар од 25 коло во прволигашката конкуренција.
Даниел Андоновски беше предводник на победничкиот тим кој водеше на паузата со 15-8 и даде десет погодоци, а кај домашните Бојан Поповски стрелаше пет пати.
„Витамините“ од Автокоманда се први на табелата со 44 бода, додека богданчани се втори со 43, па во последното коло ќе се реши патникот во Супер лигата.
Тимот од Автокоманда има подобар меѓусебен дуел од Младост, па и реми против Драчево Јуниор во последното коло, ќе му биде доволно, додека составот од Богданци ја чека Преспа и ќе биде голем фаворит за победа.
























