Младеновиќ во одлична форма во Франција

Тимот на Кретеј, каде што игра македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ, со победа го заврши регуларниот дел од Втората лига на Франција.

Кретеј славеше на домашен терен против Маси Ансон со 33-23, а левиот бек беше меѓу најдобрите во победничкиот тим.

Младеновиќ успеа да постигне четири гола од пет обиди во противничката мрежа, а подели и три асистенции до соиграчите.

Кретеј во разигрувањето за пласман во елитната конкуренција во Франција ќе игра во двомеч со третопласираната екипа на Каен.