Ѓорче Петров ита кон нова титула – го доби дербито со Чаир

Екипата на Ѓорче Петров направи нов голем чекор кон одбрана на титулата, „петта по ред“ откако го доби дербито со Чаир, 35-24. Сега ѓорчепетровки имаат 45 бода, пет повеќе од Чаир, а истовремено имаат и биланс 3-1 во меѓусебни победи сезонава.

До крајот остануваат уште четири кола, а на Ѓорче ну требаат само три бода за теоретски да биде шампион. во следното коло Чаир гостува во Куманово, а Ѓорче Петров кај Вардар.

Домашните тргнаа добро, имаа и предност од 5-2 во 7. минута по што „шампионките“ мораа да бараат тајмаут. Оттогаш се тргна поинаку. Брзо дојде израмнувањето, 7-7, потоа уште едно, 9-9. И до крајот се беше во знакот на Ѓорче Петров.

Во 45. минута првпат „пукна десетката“, 27-17 за Ѓорче Петров, и до крај на средбата рутински одиграа и ги освоија бодовите.

Теодора Дукосак со 7 гола, Марија Јанкуловска со 5 и Мила Ѓорѓиевска и Ана Вранчиќ со по 4 гола беа најпрецизни кај гостинките. По 6 гола дале Билјана Дамчевска и Наноки Цуји за Чаир.