Ракометната федерација на Македонија за првпат ќе организира интересен настан – „Национален ден на ракометот“.
На денот на реваншот од баражот за СП 2027 меѓу Македонија и Словачка, 17 мај, РФМ организира целодневна дружба со љубителите на ракометот и со најмладите.
Од 13:00 часот ќе има ракометен турнир со 20 екипи во мини-ракомет, а потоа од 14:00 часот ќе започне фан-зоната пред СЦ „Борис Трајковски“.
Сето тоа ќе биде подготовка за главното од 19:00 часот – мечот меѓу Македонија и Словачка за пласман на Мундијалот во Германија.
„🇲🇰 ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РАКОМЕТОТ! 🤾♂️
На 17 мај, пред натпреварот Македонија – Словачка, за првпат организираме целодневен ракометен настан за сите генерации! ❤️💛
🤾♂️ Од 13:00 часот ќе започне и МИНИ РАКОМЕТЕН ТУРНИР со 20 екипи составени од деца родени 2016/2017 и помлади.
Од 14:00 часот, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет со:
🔥 fan zone
🎶 музика и забава
🤾♂️ ракометни активности
🎁 подароци и изненадувања
👏 дружење со вистинска навивачка атмосфера
А од 19:00 часот — сите заедно за Македонија во најважниот натпревар! 🇲🇰
🇲🇰17 мај нека биде празник на македонскиот ракомет🇲🇰“, објавија од македонската куќа на ракометот.
Претходно на 14 мај, машката репрезентација гостува кај Словачка во „Татран Арена“ во Прешов од 19:00 часот.
























