Ривалот на Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, Татабања запиша пораз на домашен терен во меч од 24 коло во унгарскиот шампионат.
Татабања загуби дома од Ференцварош со 38-32, а овој натпревар сигурно ќе биде анализиран од охриѓани, па ќе имаат прилика да ги видат слабите страни на тимот каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески (еден гол).
Домашните водеа со 17-16, но потоа Ференцварош ја презема контролата и доминираше комплетно во вториот дел на мечот. Главното оружје на Татабања – бековското трио Житников, Елеш и Григорас комбинираа 15 гола, а голманите Андо и Секељ собраа десет одбрани.
Татабања е сигурно трета во Унгарија на две кола до крајот и има лесни средби со ПЛЕР Будимпешта и со Будаи на 10 и на 20 мај, па меѓу двете средби со Охрид нема да има домашни обврски.

























